Драма во Скопје: Направиле сообраќајка, па кога се обиделе да му го одземат пиштолот пукал во нога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
pukanje-1

На 10.09.2022 во 16.00 часот во СВР Скопје Б.Ј.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„Алија Авдовиќ“, во близина на црквата, имало пукање и повредено лице од огнено оружје.

— реклама —

Полициски службеници веднаш излегле на местото при што било констатирано дека околу 15.45 часот, по претходна сообраќајна незгода на истата локација помеѓу патничко возило „фолксваген туаран", управувано од пријавителот и патничко возило „сеат алтеа", управувано од Б.К.(20) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, настанала вербална расправија при што дошло до физички напад.

— реклама —

Притоа, Б.Ј.(34), кој според пријавеното бил сопственик на возилото „сеат", извадил пиштол, кој при обид да му биде одземен испукал и со повреда во ногата се здобил Б.Ј., брат на пријавителот. Тој заедно со С.Ј., роднина на пријавителот, кој се здобил со повреда при физичкиот напад, биле пренесени во Ургентен центар за укажување на медицинска помош.

— реклама —

Известен е Јавен обвинител, распишана е централна потерница за пронаоѓање на сторителот и се работи на расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања