Иднината на аболициите дадени од експретреседателот Ѓорѓе Иванов ќе се знае пред почетокот на судската ферија, а до крајот на овој месец, дознава „Макфакс“.
За ова прашање ќе одлучува Врховниот суд, а постапувајќи по предметот „Транспортер“ во кои обвинетите се повикуваат на дадената аболиција. Нивната одлука ќе важи и за сите останати предмети. Постапувањето на врховните судии доаѓа откако Европскиот суд за човекови права даде насока дека тие треба да се произнесат за законитоста на аболицијата. „Макфакс“, официјален став за постапувањето побара и од Врховниот суд, од каде очекуваме одговор во текот на утрешниот ден.