Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Драмата во Монголија поради Владимир Путин: во Кремљ не се загрижени, во Киев врие гнев: „Уапсете го. Веднаш!'

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
telohranitel-putin

Руската телевизија објави дека претседателот Владимир Путин во понеделникот пристигнал во Монголија, што е негово прво патување во земја-членка на Меѓународниот кривичен суд (МКС) по издавањето на налогот за апсење против него.

— реклама —

МКС и украинските власти ја повикаа Монголија да го уапси Владимир Путин, кој судот го бара поради сомнение за нелегална депортација на украински деца во Русија, но портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков минатата недела изјави дека Кремљ нема причина да се грижи за ова прашање.

Тој додаде дека „сите аспекти од посетата биле внимателно подготвени однапред“.

— реклама —

Како и сите други земји-членки на Римскиот статут, кој го основа МКС, „обврска на Монголија е да соработува со овој суд“, изјави за новинарите нејзиниот портпарол Фади ел-Абдалах.

Ако една земја-членка не ги исполни своите обврски од МКС, тој суд може да го упати случајот до Собранието на земјите-членки што се состануваат еднаш годишно, но проблемот е што потенцијалните санкции всушност се ограничени на вербално предупредување.

Тоа го поткрепува и фактот што во минатото во земјите потписнички на Римскиот статут патувале и други лица по кои имало потерници од овој суд, како што е поранешниот судански диктатор Омар ал Башир, без никој да ги попречува.

Монголија го потпиша Римскиот статут во 2000 година, а потоа го ратификуваше во 2002 година.

Монголија се наоѓа на трасата на планираниот нов гасовод што ги поврзува Русија и Кина.

Со години Русија преговара за изградба на гасовод кој годишно ќе пренесува 50 милијарди кубни метри природен гас низ Монголија од рускиот регион Јамал до Кина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања