Промени тема
Контакт

Драматична спасувачка акција во Струмица: Мајка и дете извлечени од провалија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarybg9mcrssiqi8e1Gi0aU

Струмичките пожарникари утринава успешно спасија мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“.

Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека спасувачката акција започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил испратен на местото на настанот.

— реклама —

По пристигнувањето, со употреба на специјализирана спасувачка опрема, пожарникарите безбедно ги извлекле мајката и детето од непристапниот терен, по што тие биле предадени на екипа на Итната медицинска помош за понатамошен преглед и згрижување.

„Благодарение на брзата, професионална и координирана интервенција, спасувачката акција беше успешно завршена“, соопштија од ТППЕ Струмица.

— реклама —

Од противпожарната единица апелираат до граѓаните кои ги користат трим-патеките и планинските патеки да се движат внимателно, особено во раните утрински и ноќните часови, кога движењето по стрмни и непристапни делови од теренот носи зголемен ризик.

— реклама —

„ТППЕ Струмица – секогаш подготвени да помогнеме и да спасуваме човечки животи“, порачаа струмичките пожарникари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarykgvu3u48ubht25brJFc

(Фото) Внимателно на патот Струмица–Валандово: Истурени пиперки на коловозот кај Костурино

Македонија | пред 1 седмица

media-library6acp6g9eikev5DwJIzZ

Струмичанец со нож ја нападнал поранешната сопруга среде кафуле: бил алкохолизиран, го гонат за обид за убиство

Македонија | пред 3 седмици

media-library6dffo73e13c23bobsBE

(Видео) Сеќавање на трагедијата кај Струмица: Пред 14 години четворица пожарникари ги загубија животите во огнената стихија

Македонија | пред 1 месец

media-librarysb13qdfrqefi7cr6YUA

Десет пожарникари се бореа со пожар на куќа во Струмица

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања