Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Драматично во Еквадор: Во земјата е прогласена вонредна состојба поради бегството на водач на банда од затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Screenshot-2024-01-09-at-09.37.47

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба на 60 дена, откако водачот на една од најголемите криминални банди во земјата, Адолфо Масијас, побегна од затвор каде што издржуваше казна.

„Само што потпишав указ за вонредна состојба за вооружените сили да ја имаат сета политичка и правна поддршка за нивните постапки. Помина времето кога дилерите на дрога, убијците и организираниот криминал и диктираа на владата што да прави“, рече Нобоа.

— реклама —

За време на вонредната состојба армијата ќе биде распоредена на улиците и во затворите, а ќе биде воведен и ноќен полициски час, пренесува Ројтерс.

Вчера Адолфо Масијас, водачот на криминалната банда Лос Чонерос, исчезна од затворот каде издржуваше казна од 34 години.

— реклама —

— реклама —

Вонредната состојба беше прогласена во понеделникот, а последиците од неа се меѓу првите големи безбедносни предизвици за Нобо, кој ја презеде функцијата во ноември, ветувајќи дека ќе се бори против зголеменото насилство во јужноамериканската земја.

— реклама —

Затворската агенција на Еквадор соопшти дека во понеделникот имало „инциденти“ во шест од преполните затвори во земјата.

Во затворите во Еквадор често се судири меѓу ривалските банди, а од 2021 година во нив починале повеќе од 400 затвореници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања