Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Драмскиот театар со две хит-претстави ќе учествува на фестивалот „5РЕ“ во Велес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Магазин
media-libraryd8l3oegvqptm7ZrqslN

Драмскиот театар Скопје ќе учествува на Театарскиот фестивал „5РЕ“ во Велес со „Куршуми над Бродвеј“ (31 март, 20 ч.) и „Болва в уво“ (2 април). „Куршуми над Бродвеј“ е по Вуди Ален и Даглас Мекграт, во режија на Ненад Витанов, со голем ансамбл, и досега има 11 изведби и гостување во Белград. „Болва в уво“, во режија на Синиша Евтимов, премиерно изведена во декември, има 10 изведби и гостувањето во Велес е прво надвор од матичната сцена. Фестивалот трае од 27 март до 8 април 2026, со учесници и од Црна Гора и Србија.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Со хит-претставите „Куршуми над Бродвеј“ на 31 март и „Болва в уво“ на 2 април, Драмскиот театар од Скопје  ќе учествува на петтиот Театарски фестивал „5РЕ“ во Велес.

— реклама —

Како што информираат од Драмски театар, претставата „Куршуми над Бродвеј“ што ќе се игра утревечер  со почеток во 20 часот на сцената на велешкиот Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“  е  работена по текст на Вуди Ален и Даглас Мекграт. Режијата и драматизацијата се на Ненад Витанов, сценографијата на Валентин Светозарев. Костимите се изработени по креација на костимографката Елена Вангеловска. Сценските движења на актерите ги подготви Маја Каревски. Инспициент на претставата е Гоце Бојчев, а суфлер е Жаклина Цветковска.

— реклама —

Улогите на ликовите во претставата „Куршуми над Бродвеј“ ги играат актерите на ансамблот на Драмскиот театар: Игор Стојчевски, Јована Спасиќ, Сашо Тасевски, Јелена Жугиќ, Александра Павлова-Бубања, Роберт Вељановски, Александар Степанулески, Предраг Павловски, Калина Наумовска, Златко Митрески, Дениз Абдула, Ања Митиќ, Игор Георгиев и како гости Мартин Мазнев и Енис Билаловиќ.

— реклама —

Во четврток на 2 април ќе се игра претставата „Болва в уво“ на режисерот Синиша Евтимов која беше премиерно изведена на 17 декември минатата година. Во уметничкиот дел од тимот на претставата работеа: Мартин Манев, сценограф и Раде Василев, костимограф. Инспициент е Жарко Намичев, а суфлер е Милка Анчевска. Улогите во претставата ги играат: Дениз Абдула, Ања Митиќ, Марјан Наумов, Лазар Христов, Игор Стојчевски, Стефан Вујисиќ, Нина Елзесер, Владимир Петровиќ, Рубенс Муратовски, Катерина Шехтанска, Томислав Давидовски, Јована Спасиќ, Ивана Павлаковиќ и како гостин игра актерот Петар Стојковиќ.

„Куршуми над Бродвеј“ од премиерата на 18 октомври 2025 година досега има 11 изведби и гостување во Белград на фестивалот РУТА во декември, а „Болва в уво“ досега била изведена десет пати и учеството на фестивалот во Велес ќе биде прво гостување надвор од матичната сцена на Драмскиот театар.

На театарскиот фестивал „5РЕ“ и оваа година освен театри од Македонија, ќе учествуваат и Црногорското народно позориште од Подгорица (Црна Гора) и на театарот „Бора Станковиќ“ од Врање (Србија).

Театарскиот фестивал се одржува од 27 март до 8 април 2026 година, во Театарот„Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, под покровителство на Општина Велес и  Министерството за култура и туризам, а во организација на 3Г „Плус Публика“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6e1cghnol7bhfgaHWl8

(Видео) Театарот остана без својата Офелија: Почина Ленче Делова

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања