Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Драмскиот театар за Мето Јовановски: Колегите ќе го памтат по творечката енергија што ја пренесуваше до последниот здив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Драмскиот театар жали за смртта на Мето Јовановски, кој почина денес на 77-години.

— реклама —

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер, целиот работен стаж го помина како член на ансамблот на Драмски театар Скопје.

— реклама —

„Од дипломирањето во 1971 година кога застана на сцената на Драмски со претставата „Што виде собарот“, во себе ја носеше истата жар за професијата. Мето замина во легендите само дваесет дена откако на 26ти октомври бравурозно ја изигра својата последна претстава на ‘My name is Goran Stefanovski’. Македонската и регионалната публика останува без актер кој ќе го памети по неговата харизма, а колегите актери по творечката енергија што ја пренесуваше до последниот свој здив“, велат од театарот.

— реклама —

Драмскиот театар  изрази сочувство до почитувачите на Јовановски, а дополнително ќе биде објавено времето за оддржувањето на комеморацијата во Драмски театар Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања