Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Драстична промена на времето уште од утре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност која во текот на денот повремено ќе се зголемува. Доцна попладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, претежно во јужните и западните делови од земјата. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

— реклама —

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од пет до 14 степени.

— реклама —
— реклама —

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

За време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб, на места умерен интензитет, а на планините ќе се формира мала снежна покривка. Од утре доцна попладне, како и за време на цел викенд ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, претежно во јужните и западните делови од земјава. Врнежите ќе бидат со слаб, на места умерен интензитет и на планините ќе се формира помала снежна покривка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања