Драстично се зголемува бројот на пациенти кои од домашно лекување поради влошување на состојбата со Ковид инфекцијата мора да завршат на болничко лекување. Од скопската брза помош само од први до 12ти месецот имале дури 197 транспорти на пациенти до болниците кои се пожалиле дека тешко дишат и немаат здив. Во октомври пак, медицинските екипи до здравствените установи имале пренос на 138 болни позитивни на вирусот, објави Сител.
-Одат комплетни медицински тимови бидејќи станува збор за влошување на клиничката слика, подготвени се со кислород доколку има потреба за време на транспортот да бидат на кислородна поддршка. Бројот на преноси е двојно зголемен, вели др. Милица Бубало, раководител на Брза Помош Скопје.
Дали ова е последица на лекувањето по телефон на матични со пациенти кои со заразени со Ковид-19 засега нема анализа од надлежните институции.
Текстот во целост на: Сител.