Дрога пронајдена во ресторан во Битола, седум лица без ковид сертификати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
restoran_mokum

На 11/12.12.2021 во времето од 23.30 до 02.30 часот направена е контрола од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола и Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, во координација со Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат, во два угостителски објекти во Битола и тоа еден лоциран на ул.Широк сокак во Битола и еден лоциран на ул.Партизанска во Битола. При контролата, во објектот на ул. Широк сокак пронајдена е марихуана, две пакувања со бела прашкаста материја и три таблетки.

— реклама —

Приведено е едно лице за утврдување на идентитет, а лишени од слобода се и осум лица по чл. 215 од КЗ (неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци...). Од страна на Државен пазарен инспекторат констатирани се неправилности односно утврдено е присуство на пет лица без Ковид сертификати и за тоа ќе следат соодветни поднесоци.

— реклама —

Во објектот на улица Партизанска констатирани се прекршоци по чл.4 (карање, викање и дрско однесување) и чл.6 (нарушување во пијана состојба) од Законот за прекршоци против јавен ред и мир при што се приведени три лица. Лишено од слобода е едно лице по член. 382 од КЗ (спречување на службено лице при вршење на должност), а од Државен пазарен и инспекторат констатирано е присуство на едно лица без ковид сертификат и едно лице со лажен ковид сертификат.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања