Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против В.Б.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против З.Ф.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 28.02.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот каде престојувале пријавените во Скопје, при што пронашле и одзеле пет килограми и 890 грама марихуана и 10 куршуми калибар 7,65 мм.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против E.М.(18) од село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.11 2018 во Гостивар полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Фолксваген Голф“, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Ш.(25) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.08.2018 во Гостивар полициски службеници извршиле личен преглед над пријавениот, при што биле пронајдена и одземена марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.О.(63) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 02.10.2018 во Струга полициски службеници извршиле претрес во домот и другите простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле предмети со остатоци од кокаин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(35) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. На 23.08.2018 во Кичево полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на пријавениот и биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, семки од канабис и дигитална вага со остатоци од кокаин.
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија, ќе поднесе кривична пријава против С.М.(29) -осуденик во Казнено-поправната установа Идризово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.03.2019 полициски службеници од Казнено-поправната установа -Идризово извршиле преглед на С.М., при што кај него пронашле и одзеле хероин.