Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Дрон се урна во Литванија, Украина се извини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryhfiq8v7b4r488tMXYPa

Дрон се урнал во северниот дел на Литванија, откако најверојатно влегол во воздушниот простор на земјата од соседна Полска. Во инцидентот нема повредени, но остатоците од леталото оштетиле патнички автомобил, соопштија литванските власти.

— реклама —

Засега не е познато дали дронот носел експлозив, а истрагата е во тек. Претходно, жителите на централните и северните делови на Литванија биле повикани да побараат засолниште поради неидентификуван летачки објект.

— реклама —

Во областа биле испратени борбени авиони од воздушната патрола на НАТО, а аеродромот во Каунас бил затворен околу еден час.

Полската војска, исто така, соопшти дека постои сомнеж за нарушување на нејзиниот воздушен простор.

— реклама —

Украинското Министерство за надворешни работи изрази жалење поради можниот влез на украински беспилотни летала во воздушниот простор на Литванија. Како можна причина е наведено руското електронско војување, за кое се смета дека ги девијирало дроновите од планираната патека за време на операција против воени цели во Русија.

— реклама —

Украинските власти се извинија за можните непријатности и ризици и најавија дека со литванските партнери ќе ги споделат сите релевантни информации за целосно да се утврдат околностите на инцидентот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања