Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Дрон удрил во автобус со деца на пат кон Русија: Белорусија бара објаснување од Киев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library4o999ihochdp6ck2Y4o

Белорусија побара официјално и детално објаснување од Украина по нападот врз автобус во кој се превезувале деца од Белорусија кон Русија, соопшти белоруското Министерство за надворешни работи.

Од Министерството наведуваат дека инцидентот го сметаат за нов чин на тероризам насочен против цивили.

— реклама —

„Сметаме дека станува збор за уште еден терористички акт против цивилното население“, изјави портпаролот на Министерството, Руслан Варанков.

Според информациите што ги објави гувернерот на Брјанската област, Јегор Ковљачук, автобусот бил погоден во напад со дрон, за кој руските власти ги обвинуваат украинските сили.

— реклама —

Во автобусот се наоѓале деца од Белорусија, членови на фудбалски клуб, кои патувале кон Геленџик на одмор.

Во нападот загинала жена, која била придружник на децата, додека шест деца се здобиле со повреди.

— реклама —

По инцидентот реагираше и руското Министерство за надворешни работи. Портпаролката Марија Захарова нападот го оцени како „терористички напад на киевскиот режим“.

„Ова е уште еден терористички напад на киевскиот режим, кој ги таргетира цивилите, а особено децата“, изјави Захарова.

— реклама —

Украинските власти засега не се огласија во врска со обвинувањата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykr49dgi46sb92zWpqdy

Поранешен соработник на украински премиер тешко повреден во експлозија на автомобил во Москва

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Руските компании ги преместуваат податоците во странство по украинските напади врз центрите за податоци

Свет | пред 3 дена

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 5 дена

media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања