Дру Баримор за тешкото детство: „Почнав да пијам алкохол на девет години“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
MujgwqGjya-dru-barimor-pokaza-kako-izgleda-bez-i-so-sminka-razlikata-e-neverojatna

Актерката Дру Баримор во нејзиниот подкаст „Drew's News“ ги раскажа деталите од своето тешко детство. Открила дека во нејзината куќа не смеат слатки, па се криела во плакарот за да јаде чоколадо.

— реклама —

Нејзината мајка Џејди, вели Дру, била многу строга и не сакала нејзините деца да се здебелат. Но, кога се во прашање пороците, таа немала проблем со тоа.

— реклама —

Дру рече дека првиот алкохолен пијалок го испила на девет години, а пробала марихуана кога имала десет години. Уште порано признала дека на 13 години двапати отишла на одвикнување од дрога, а мајка и ја испратила во психијатриска установа.

— реклама —

Таму немаше пцовки, а ако дојдеше до таква ситуација, тогаш ќе не врзеа“, рекла актерката.

„Излегував по клубови и избегнував училиште, бев целосно надвор од контрола“, додаде таа.

Таа вели дека нашла начин да и прости на мајка си.

"Верувам дека се чувствувала како да нема друг излез. Сигурно живеела со голема вина сите овие години. Направи чудовиште и сигурно живеела со голема болка", рекла актерката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања