Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Државата е подготвена за процесот на преговори со ЕУ кој носи бројни придобивки, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
znaminja-777x437

Продолжуваме по европскиот пат, државата е подготвена за процесот на преговори со ЕУ кој носи бројни придобивки, за граѓаните на Република Северна Македонија да живеат како сите останати народи од Европската унија, вели СДСМ.

— реклама —

„По 17 години чекање, се реализира уште една стратешка определба поставена уште на денот на независноста, а тоа е полноправно членство во ЕУ. Во ЕУ влегуваме како Македонци, кои говорат македонски јазик, со заштитени идентитетски, историски и културни особености.

— реклама —

Преговорите за членство во ЕУ почнаа со одржувањето на првата меѓувладина конференција, а веднаш по неа започна скриниг процесот, по кој ќе следува и отворање на првите поглавја.

Почнува период на напорна и посветена работа на реформи, на усогласување на нашето со европското право, на економски, политички, општествен развој, повисок квалитет на живот, високи стандарди за почитување на владеењето на правото.

— реклама —

Континуираната и зголемена помош која Европската Унија ќе ја обезбеди во наредниот период, ќе овозможи македонските граѓани и економија да добијат конкретна и реална поддршка.

— реклама —

Сега е времето кога треба да застанеме заедно, обединети, полни оптимизам и верба за подобро утре, за да можеме да ги здружиме силите и заеднички да се посветиме на развивање силна, успешна и просперитетна европска држава, за нас и за идните генерации“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања