ВО ЖИВО: Предновогодишна од фирма
Gkm-R5hydbU

Државата финансира над 60 партии без реална политичка тежина, од државната каса се делат милиони без гаранција за резултати, велат Независни за Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Коментари
partii-pari

„Во држава која важи за сиромашна, задолжена и со масовна емиграција, политичките партии добиваат милиони евра од нашиот буџет — без никаква гаранција за резултати, отчетност или реална корист за граѓаните“, објавија од иницијативата Независни за Карпош.

— реклама —

Тие потсетуваат дека според Законот за финансирање на политички партии, државата издвојува 0,15% од вкупните изворни приходи на буџетот. Од таа сума, 30% се делат рамномерно на сите партии што освоиле најмалку 1% од гласовите, а 70% се распределуваат пропорционално според бројот на пратеници и советници.

Според анализата, токму овој модел создава систем на „платено постоење“, бидејќи многу мали партии со само неколку десетици гласови добиваат пари од државата. Како пример се наведува Општина Ранковце, каде што партијата Интегра со само 43 гласа или 1,93% влегла во групата за финансирање, како и Општина Демир Капија, каде Единствена Македонија со 37 гласа (1,5%) го исполнила условот.

— реклама —

„Големите партии добиваат најмногу, но многу мали партии опстојуваат финансиски, иако немаат ниту реална политичка тежина, ниту препознатливост во јавноста. Над 60 партии земале пари, а најголем дел од нив немаат пратеник или советник“, велат од Независни за Карпош, оценувајќи дека ова е модел на одржување на статус-кво и купување на влијание.

Од иницијативата предлагаат целосно укинување на државното финансирање за локални избори, а за парламентарни да остане само скромен износ – во висина на три просечни плати по освоен пратеник. „Така, за 120 пратеници годишно би се издвојувале околу 150 илјади евра, или 100 илјади ако бројот се намали на 90, што е драстично помалку од планираните 8,3 милиони евра за 2025 година“, додаваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања