Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Државата му исплати 50 илјади евра на Ален Зекиров поради 27 април

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-11-27-110721

Ален Зекиров, некогашниот телохранител на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков го доби судскиот спор против МВР за неговиот отказ. Граѓанскиот суд пресече, а Скопска апелација потврди дека отказот што го добил во 2018 година бил незаконски, објави Призма.

— реклама —

Според пресудата, на Зекиров со потпис на поранешниот министер Оливер Спасовски му бил откажан договорот за вработување во 2018 година. Причината за отказот од МВР е што сторил потешка дисциплинска повреда со учество во собраниските настани од 27 април 2017.

— реклама —

„Влегол со толпа граѓани во Собранието на РСМ и не презел дејствија со цел на заштита на животот на полициските службеници, граѓаните и имотот, спротивно на член 13 од Законот за полиција“, пишува во пресудата.

— реклама —

Зекиров бил упорен во докажувањето дека отказот му е незаконски. Првин се обидел преку Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос да го поништи отказот и предметот повторно се нашол пред дисциплинската комисија. Таа повторно го потврдила отказот.

— реклама —

Незадоволен од ваквата одлука на МВР, тој во 2020 поднел тужба против решението на МВР. Граѓанскиот суд пресудил дека Зекиров е во право, а апелациските судиите лани во февруари ја потврдиле пресудата.

Судиите пресудиле дека не само што Зекиров незаконски добил отказ, туку дека има право да се врати на работа, а државата требало да му исплати 99 илјади денари за трошоци за водење на постапката.

На 15 октомври на Зекиров му биле исплатени нешто над 51 илјада евра како надомест на штета поради неисплатени плати и придонеси за време на престанокот на работниот однос, објави Призма.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања