Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Државата остана без 100 милиони евра од ЕБОР, поради деструктивноста на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mickoski-04.06.2022-

Државата и граѓаните останаа без 100 милиони евра од ЕБОР во време на криза, поради деструктивноста на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ

— реклама —

„Европската банка за обнова и развој го сопре заемот што требаше да го земе Македонија за справување со енергетската криза во вредност од 100 милиони евра.

Причина за сопирањето е блокирање на законот за таа намена од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

— реклама —

Сега ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека им ги вратат парите на граѓаните.

— реклама —

Како ниедна опозиција во светот, како ниеден политичар во светот ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наместо да помогнат тие дополнително ја отежнуваат состојбата во време на светска економска и енергетска криза.

За разлика од таквиот деструктивен однос, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски обезбеди 80 милиони евра од ЕУ за директна поддршка за справување со енергетската криза.

— реклама —

Очигледна е разликата помеѓу одговорниот државнички пристап на Ковачевски и деструкциите и неодговорното однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои по секоја цена дејствуваат на штета на државата и граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања