Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Државата треба да ги плати новите документи на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
licna-karta

Граѓаните што имаат важечки документи – лична карта, пасош, возачка дозвола, но не само тие – по ниту една основа не се должни да плаќаат за новите документи со новото уставно име на државата – Република Северна Македонија. Особено не за личната карта како основен документ за идентификација, затоа што тие веќе ја исполниле својата граѓанска должност и си ги прибавиле личните исправи, во согласност со поединечните рокови на важност, реагираат и експерти и Народниот правобранител. Според нив, таа обврска треба да ја плати државата, пишува „Слободен печат“.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Голем револт има кај граѓаните затоа што во Скопје нема доволно слободни термини за да се закаже за нова лична карта, па луѓето со денови вртат на броевите од Министерството за внатрешни работи на кои никој не одговара. Немир создава и најавата од Државната изборна комисија дека без важечка лична карта нема да може да се гласа во ситуација кога претседателските избори се очекуваат во март, а прв слободен термин за лична карта во главниот град е декември. Актуелните, важечки, лични карти со старото име Република Македонија, според изјавите на надлежните ќе престанат да важат на 12 февруари 2024 година, без разлика колкава им е важноста на траење, што значи пет години по стапувањето на сила на уставните измени со кои се преименува државата согласно Преспанскиот договор со Грција. Според најавите на надлежните, треба да се сменат пасошите, возачките дозволи, таблиците на возилата, но и договорите на граѓаните со јавните претпријатија!

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања