Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Државна лотарија: Не е извршена уплата од 12 милиони за набавка на нови апарати за игри на среќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
drzavna-lotarija

“Државната лотарија ја информира пошироката јавност и играчите на игрите на среќа дека НЕ Е ИЗВРШЕНА УПЛАТА во износ од 12 МИЛИОНИ ЕВРА за набавка на нови апарати за игри на среќа, како што тврдат од политичката партија ВМРО ДПМНЕ преку нејзиниот портпарол Наум Стоилковски” велат од Државна лотарија и додаваат:

“Државна Лотарија има РАМКОВЕН ДОГОВОР ЗА ОВА НАМЕНА, но снабдувањето не е завршено, и истото би се реализирало согласно динамиката и потребите на пазарот.

— реклама —

Оваа манипулација со неточна информација на партијата ВМРО ДПМНЕ ја побиваме како невистинита и ја карактеризираме како дезинформација за јавноста и истата има цел да наштети на имиџот на Државна лотарија и управата на институцијата.

— реклама —

Државната лотарија – после серија напади докажа пред надлежните институции и јавноста дека сите набавки се прават согласно законските прописи кои се во сила.

— реклама —

Државна лотарија ќе продолжи и во иднина да работи врз основа на важечките закони, а нема да дозволи дезинформаторите да го нарушат авторитетот на ниту еден од вработените во Државната лотарија на Северна Македонија”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања