Државната секретарка на МВР Несторовска, во самоизолација поради контакт со вработените во бифето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nestorovska

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека откако вчера беше утврдено дека двајца вработени во бифето на првата зграда во кругот на МВР се позитивни на коронавирус, во текот на вчерашниот ден од страна на епидемиолошкиот тим  од Институтот за јавно здравје, а  врз основа на доставен список на сите вработени кои имале контакт со двајцата вработени, направена им е епидемиолошка анкета на  67 лица, а воедно е направена и  дезинфекција на сите работни простории во зградата.

— реклама —

Во извештајот кој денеска го добивме од епидемиолошкиот тим  преку анкетниот прашалник  утврдено е нивото на ризик кај анкетираните, при што кај пет лица е утврдено средно ниво на ризик, а меѓу нив е и државниот секретар во МВР г-ѓа Магдалена Несторовска.   Петте  лица одат во самоизолација во домашни услови во рок од 14 дена од последниот контакт со лице позитивно на Ковид 19 ,за останатите анкетирани  62 лица кои се проценети со низок ризик  се препорачува задолжително носење на респираторна маска /заштитна маска за целото време на работниот процес. Истите може да се вратат на работно место.

Министерството за внатрешни работи и во оваа прилика апелира до сите вработени за  правилна и постојана употреба на лична заштитна опрема, одржување на соодветно растојание, често миење и дезинфекција на раце. Во канцелариите каде се сместени вработените, постојано да се врши проверување на просториите, а вработените задолжително да носат лична заштитна опрема  додека се на работното место.

— реклама —

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања