„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zagaduva-skopje

Државниот инспекторат за животна средина на 8 ноември донесе решение со кое се забранува работата на правниот субјект „Пејпар Мил“ од Кочани заради континуирано надминување на граничните вредности за дозволени емисии на загадувачки супстанци во отпадните гасови што излегувале од котларата на оваа компанија.

— реклама —

Решението за забрана е во рок од 30 дена, и во овој период од издавањето на решението за забрана за работа, од „Пејпар Мил“ се должни да ги отстранат недостатоците кои предизвикуваат загадување на воздухот со јаглероден моноксид над дозволените граници и за тоа да го известат Државниот инспекторат за животна средина.

Доколку во предвидениот рок не се постапи според упатствата од решението на Државниот инспекторат за животна средина за забрана за работење, против правното лице ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна потапка и ќе продолжи забраната за работа.

— реклама —

Државниот инспекторат за животна средина ова решение го донесе во согласност со своите надлежности и како резултат на засилените контроли што се вршат во овој период, како и врз основа на реакциите на граѓаните на Кочани кои укажаа дека оваа компанија влијае врз загадувањето на воздухот во градот.

Фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања