Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Државниот завод за статистика објави нов повик за реонски попишувачи за претстојниот Попис 2021

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
popis-1

Државниот завод за статистика повторно објавува конкурс за избор на реонски попишувачи за Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021. Повикот се однесува само за реоните каде недостасуваат попишувачи, а со цел да се запази принципот дека секое населено место ќе има локален попишувач кој го познава местото и населението што живее таму, како и да има доволно попишувачи кои можат процесот да го спроведат на јазиците кои се загарантирани со Уставот на Северна Македонија.

Огласот трае до 20 март 2021 година.

— реклама —

Владата се приклучува на повикот на ДЗС, сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите да се пријават на конкурсот достапен на следниов линк: https://popis2021.stat.gov.mk/konkursi/DopolnitelenKonkursZaPopisuvaci_3_mk.pdf

— реклама —

На повикот имаат право да се пријават и кандидатите кои се пријавија на претходниот повик за попишувачи, но не беа во можност да присуствуваат на тестирањето.

Приоритет во спроведување на сите фази од пописот е здравјето на попишувачите. Со таа цел, усвоен е Протокол за превентивни мерки при спроведување на Пописот, а со доследно почитување на истиот, попишувачите но и сите граѓани можат да бидат сигурни дека попишувањето ќе биде спроведено безбедно.

— реклама —

За ангажманот лицата ќе добијат соодветен надоместок, кој се пресметува врз основа на веќе воспоставена методологија од страна на ДЗС.

— реклама —

Успешно спроведен попис е врвен приоритет на Владата на Северна Македонија. После 20 години, наша обврска и одговорност е да обезбедиме релевантни податоци за населението, домаќинствата и становите, податоци кои се основа за креирање на политики кои одговараат на потребата на сите наши граѓани.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања