Промени тема
Контакт

Државен натпревар по прва помош во Скопје: Младите покажаа знаење, храброст и човечност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-libraryb118e5l7tu43fVWKFgY

Град Скопје беше домаќин на Државниот натпревар по прва помош, организиран од Црвениот крст, на кој младите учесници ги покажаа своите знаења, вештини и подготвеност за реагирање во ситуации кога е потребна помош.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека натпреварот покажал оти младите поседуваат не само знаење и вештини, туку и храброст, човечност и подготвеност да помогнат и да спасат човечки живот.

— реклама —

Според Ѓорѓиевски, младите учесници се доказ дека постојат генерации кои знаат, умеат и сакаат да градат општество во кое грижата за другиот претставува важна вредност.

Тој порача дека Град Скопје и во иднина ќе биде партнер на Црвениот крст и ќе ги поддржува активностите насочени кон создавање одговорни, хумани и подготвени генерации.

— реклама —

Ѓорѓиевски им честиташе на сите учесници за покажаното знаење, труд и посветеност, а на најуспешните им посака успех во идните предизвици.

— реклама —

„Хуманоста нема цена. А знаењето да спасиш живот е вредност што нема замена“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања