Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Државјанин на Романија уапсен на Табановце: „Летал“ со 163 км/ч каде што е дозволено 80 км/ч

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Романски државјанин бил лишен од слобода на граничниот премин Табановце, откако системот „Безбеден град“ утврдил дека со автомобил „Ауди“ возел со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената.

— реклама —

Од МВР информираат дека на 4 септември во 11:20 часот, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 49-годишниот Х.В.С. од Романија.

— реклама —

При проверката било утврдено дека истиот ден околу 6:30 часот на автопатот А1, во близина на Демир Капија, тој управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, иако на делницата максимално дозволената брзина била 80 километри на час.

— реклама —

Полицијата констатирала дека Романецот бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, односно „безобѕирно управување со моторно возило“.

— реклама —

Тој бил спроведен во Полициската станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка. Од МВР информираат дека против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

policija-policaec-35

За два дена двапати фатен „мртов пијан“ зад волан: Битолчанец возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
uapsen

Скопјанец приведен во прилепско: Во автомобилот пронајдени македонски рубини, марихуана и над 489 илјади денари

Македонија | пред 6 часа

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Насилството во Македонија не стивнува: Девет пријави за физички напади во Скопје и Тетово

Македонија | пред 7 часа

media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Судир на две возила на улицата „Борис Трајковски“, тешко повредена 76-годишна скопјанка

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања