Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ДС: Парламентот да одржи вонредна седница и СЈО да се вклопи во системот на ЈО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
17435997_1321462517933888_1706608406782984374_o

„Демократскиот сојуз смета дека актуелните случувања сврзани со Специјалното јавно обвинителство налагаат потреба од одржување на вонредна седница на Парламентот на Република Македонија, на која ќе се расправа за работата на СЈО и ќе се донесат законски измени со кои СЈО ќе се вклопи во системот на јавното обвинителство, ќе се обезбеди двостепеност и контрола над работата на СЈО

Воедно треба да се создадат законски можности Специјалниот јавен обвинител да го избира Советот на јавни обвинители на предлог на Јавниот обвинител на РСМ.

— реклама —

ДС инсистира на сеопфатна и неселективна истрага во која ќе бидат опфатени сите кои се вклучени во оваа злосторничка-рекет банда и да понесат одговорност, посебно носителите на високи функции во законодавната, извршната и судската власт.

— реклама —

Сугерираме целокупниот материјал (информации, податоци, докази, прислушувани материјали и сл.) со кои располага СЈО, надлежното обвинителство и судот да го стават под посебна заштита и да спречат уништување на докази.

— реклама —

На стручниот кадровски потенцијал во СЈО да му се обезбедат услови да продолжи непречено да работи.

Демократскиот сојуз смета дека криминализацијата ја разорува државата и затоа е неопходно да се направи пресврт во борбата против криминалот како клучен предуслов за воспоставување на систем на владеење на правото“ ,се вели во соопштението од Демократски сојуз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања