Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ДСЗИ издаде решение за забрана за вршење на дејноста за гинеколошка ординација на д-р Асани, истата била нерегистрирана и за неа нема никаков документ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ginekolog

Врз основа на наодите од вонредниот инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со случајот за директорот на струшката болница, д-р Мухамед Асани, кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, е во постојна комуникација со инспекторатот за сите преземени активности. ДСЗИ ги презема сите мерки во рамки на законските надлежност за постапување со конкретниот случај.

— реклама —

ДСЗИ во ординацијата која се наоѓа во домот на д-р Асани, веќе изврши вонреден инспекциски надзор со полициска асистенција, како што налагаат правилата за надзор во објект каде нема обележано дека постои приватна здравствена устанува.

При надзорот, е констатирано комплетно опремена гинеколошка ординација, нерегистрирана, односно за којашто нема никаков документ, како што се потребните дозволи за работа и за основање на фирма.

— реклама —

Во меѓувреме, до ДСЗИ се пристигнати четири нотарски заверени изјави од пациентки, кои потврдуваат дека докторот во ординацијата сместена во неговиот дом им вршел прегледи по 15 часот. Една од пациентките во изјавата посочува дека во истата ординација, докторот ја контролирал нејзината бременост уште пред 8 години. Во текот на вчерашниот ден ДСЗИ на д-р Мухамед Асани му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во ординацијата која се наоѓа во неговиот дом.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ќе постапи согласно надлежностите и ќе ги извести сите надлежни институции за констатираната состојба во ординацијата сместена во домот на д-р Асани . Владата ќе продолжи да работи на механизми и системски мерки за расчистување на сите случаи и сузбивање на истите.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања