Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДСЗИ ќе издаде решение за забрана за вршење на дејност на ординација по гинекологија во Струга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ginekolog

По Налог од директорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат - ДСЗИ, и по добиени сознанија дека на локација „Кеј 8-ми Ноември“ во Струга се врши гинеколошко акушерска дејност, спротивно на Закон, здравствени инспектори од ПО Охрид во соработка со службени лица од Министерството за внатрешни работи, извршија вонреден инспекциски надзор.

— реклама —

По двочасовно преговарање со сопствениците на објектот, инспекторите и полицијата влегоа во посочениот простор, кој имал 25 м2 и бил опремен за ординација за гинекологија и акушерство, при што затекнататата фактичка состојба индиректно укажува дека во него се вршела гиниеколошко акушерска дејност. Притоа објектот воопшто не бил обележан за дејноста.

— реклама —

Просторијата во која се одвивала гинеколошко акушерската дејност е во сопственост на д-р З.П.Ш. доктор специјалист по гинекиологија и акушерство, вработена во ЈЗУ ОБ Струга.

— реклама —

При надзорот, приложен е Договор за отстапување на користење на простор ( 01/2021 година) каде стои дека просторијата се издава на времено користење на ПЗУ Д-р Благоја Парталоски.

Наведената приватна здравствена установа ПЗУ Д-р Благоја Парталоски има решение издадено од Министерството за здравство од 1999 година, дека исполнува услови (простор, опрема и кадар) за вршење на специјалистичко гинеколошко акушерска дејност на горе споменатата адреса, а која во моментот нема носител на дејност бидејќи д-р Парталоски е во пензија од 2009 година а има отстапувања и во однос на просторот.

Со оглед на затекната фактичка состојба при надзорот и увидот во дадената докуменатација, ДСЗИ ќе издаде решение за забрана за вршење на дејност поради неисполнување на услови за вршење на дејност согласно чл. 301 од Законот за здравствената заштита, а истовремено ќе го извести и Министерството за здравство за одземање на дозволата за работа согласно чл. 62 од истиот закон.

Напоменуваме дека инспекциската постапка сеуште е во тек и по комплетирањето на севкупната докуменатција, ДСЗИ ќе ги презвземе сите мерки согласно надлежностите на Инспекторатот.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања