Промени тема
Контакт

Дуа Липа јавно застана зад Хашим Тачи по пресудата од Хаг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-libraryfks7h4n1qdgr9OUIsE5

Дуа Липа јавно реагираше по првостепената пресуда против поранешните водачи на ОВК во Хаг, споделувајќи на социјалните мрежи амблем на ОВК со пораката „Liria ka emër“, односно „Слободата има име“. Нејзината објава следува по пресудата со која Хашим Тачи и уште тројца поранешни припадници на ОВК беа прогласени за виновни за воени злосторства.

Пејачката потоа споделила и објава од својот татко, Дукаѓин Липа, во која се зборува за ОВК и борбата за слобода и независност на Косово. Во пораката се наведува дека никој нема право да ја оцрнува таа борба или ОВК, која е опишана како симбол на слободата и независноста.

— реклама —
media-libraryosb5jb84edg317PxMg4

Во пресудата од 16 септември, Специјализираните совети на Косово во Хаг го прогласија Хашим Тачи за виновен за четири точки за воени злосторства и му изрекоа казна од 25 години затвор. Виновни беа прогласени и Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

— реклама —

Објавите на Дуа Липа доаѓаат во период кога пресудата предизвика различни реакции во Косово и во регионот.

— реклама —

Дуа Липа е родена во Лондон во семејство со потекло од Косово, а дел од детството го поминала во Приштина. Во текот на кариерата повеќепати јавно зборувала за својата поврзаност со Косово и значењето што го има земјата за неа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања