Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ДУИ: Алијанса за Албанците им посакува на граѓаните да се заразат од коронавирус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Од партијата ДУИ во соопштението за медиумите остро ги осудија како што велат „ѓаволските и смртните клетви“ од страна на Алијанса за Албанците и нивниот лидер, Африм Гаши.

Според ДУИ, членовите на партијата АА ги проколнуваат граѓаните со желбата да се заразат со смртоносниот вирус.

— реклама —

„Додека ние во ДУИ се обидуваме да ги почитуваме упатствата на Светската Здравствена Организација како и на Министерството за здравство преку прилагодување на нашата кампања и преку подготовка и распределување на секојдневни здравствени совети за граѓаните, партијата АА им посакува на граѓаните да се заразат со овој смртоносен вирус. Ова проколнување е потценување и потсмевање со илјадниците жртви од овој вирус. Додека целиот свет се бори да се спасат човечки живот, партијата АА посакува заразување и смрт на сите тие граѓани што не гласаат за оваа партија“, велат од ДУИ.

<img class="alignnone size-large wp-image-1302926" src="https://a1on.mk/wp-content/uploads/2020/03/alijansa-za-albancite-837x1024.jpg" alt="" width="837" height="1024" />За жалење се агендите на коалицијата Гаши-Села против исламскиот превез, против администраторите и за заразување на граѓаните со смртоносниот вирус. Оставка сега и веднаш! Граѓаните очекуваат и бараат одговорност. Ова е неприфатливо“, стои во соопштението на партијата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања