ДУИ ги нарече албанските опозициски партии подмолни, деструктивни и недостоинствени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ahmeti

Недостоинствената, подмолна и деструктивна опозиција, која секој ден ги менува своите ставови и поставува услови само за Албанците, продолжува да стои на приемните шалтери на ходниците на СДСМ и на ВМРО со единствена цел да ги поткопа националните интереси и да ја избегне одговорноста за нивниот длабок пораз, обвини ДУИ.

— реклама —

„ Албанците не заслужуваат опозиција без демократски капацитети и без политички морал да сносат одговорност пред гласачите и пред партиските тела.

Изгубивте на парламентарните избори 2016 година, потоа изгубивте на локалните избори од 2017 година, изгубивте и на референдумот затоа што бевте единствени Албанци кои го бојкотиравте референдумот за НАТО и ЕУ, изгубивте на претседателските избори во 2019 година, но и на локалните избори во Дебар во 2019 година, за конечно да изгубите на парламентарните избори оваа година, додека исто бевте поразени на сите избори кога бевте дел од другите партии од 2002 година.

— реклама —

Кога ќе ја ослободите узурпираната опозициска сцена исполнета со рекордни загуби?

Јавно ветивте дека ќе поднесете оставка за вашиот пораз, бидете достоинствени, оддржите го својот збор и покажете демократски капацитет и не ги потценувајте ги Албанците.

Наместо да го напуштите недостоинственото стоење зад вратата и по ходниците на СДСМ и ВМРО со молби до нив албанските барања да не се реализираат, вие одлучите да ја напуштите Заедничката средба на албанските парламентарни партии.

Албанскиот народ никогаш нема да ви прости за ова понижување и ова недостоинствено однесување на албанската опозиција.

ДУИ и Ахмети ќе продолжат со напорите да постигнеме достоинствена опозиција затоа што тоа го заслужуваат опозициските гласачи и албанскиот народ, додека вие ќе бидете запаметени како Албанците кои работеа против Албанците и вечните посетители на ходниците на СДСМ и ВМРО“ се вели во пасртиското соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања