Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ДУИ: Граѓаните на Дебар да бидат трпеливи, нов градоначалник на следните вонредни локални избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DUIII

По смртта на Ружди Лата, Дебар сè уште нема нов градоначалник. ДУИ ги повикува дебраните да бидат трпеливи до следните вонредни локални избори.

— реклама —

„Ружди Лата беше еден од подобрите градоначалници, високопочитуван во својата средина и веројатно еден од најзаслужните за развојот на општина Дебар. Токму затоа и неговите сограѓани, во два наврата, му ја дадоа довербата да ја предводи нивната општина како градоначалник на Дебар. За жал, неговата прерана смрт го спречи да го доврши својот втор мандат и да ги реализира проектите за кои доби доверба. Граѓаните на општина Дебар ќе мора да бидаат трпеливи до наредните предвремени локални избори во оваа општина за повторно да изберат градоначалник по сопствена волја и убедување и да ја совладаат коалицијата создадена помеѓу малите опозициски парти од албанскиот блок и ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ДУИ.

— реклама —

Политиката, додаваат од партијата, понекогаш ги надминува моралните стандарди и во согласност со политичките агенди понекогаш ќе мора да ја прифатиме и оваа неморална одлука на малите опозициски парти од албанскиот блок и ВМРО-ДПМНЕ во смртта на Ружди Лата да го пронајдат сопствениот политички успех.

— реклама —

„На граѓаните на Дебар сакаме да им порачаме да почекаат неколку месеци кога по сила на законот на избори малите опозициски партии од албанскиот блок заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ја проверат довербата за оваа нивна авантура, токму со вас – граѓаните на општина Дебар“, велат од ДУИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања