„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ДУИ ја обвини ВРЕДИ дека наместо албанска донела српска банка во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
dui-

ДУИ денеска обвини дека партијата ВРЕДИ го прекршила предизборното ветување за основање на албанска банка со доминантен албански капитал и наместо тоа отворила врата за влез на српска банка во Македонија.

— реклама —

„Наместо да го исполнат ветувањето од програмата за 2024 година за Албанска банка, ВРЕДИ, како слуга на ВМРО, овозможи навлегување на ‘Српскиот свет’ во банкарскиот сектор преку Алта банка“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Партијата тврди дека станува збор за политички и економски проект на Белград, а не за обична финансиска инвестиција. Како аргумент наведуваат дека назначувањето на Маја Кадиевска Војновиќ на чело на банката било резултат на лобирање од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кај српскиот претседател Александар Вучиќ.

— реклама —

ДУИ предупредува дека влезот на српски капитал во банкарскиот сектор претставува прашање на национална безбедност и дека може да се одрази врз кредитите, бизнисите и финансиското одлучување во земјата.

„Ветија албанска банка, донесоа српска банка. Ветија европска интеграција, донесоа ‘Српски свет’ и руско влијание“, стои во реакцијата.

Од ДУИ порачаа дека молкот на институциите претставува соучесништво и најавија дека претстојните избори во октомври ќе бидат референдум за, како што велат, одбрана на евроатлантската ориентација и финансискиот интегритет на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања