Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: Меџити не знае за одговорност, туку само за личен интерес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ahmetii

ДУИ остро го критикуваше министерот за животна средина и кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, обвинувајќи го дека во најкритичните моменти за граѓаните на Скопје не покажал никаква одговорност.

— реклама —

„Додека воздухот во Скопје мирисаше на отров, Изет Меџити, кој очигледно заборавил дека е министер за животна средина, не кажа ниту збор. Не излезе пред јавноста, не даде препораки, не понуди информации, не упати ниту еден апел. Кога граѓаните стравуваа за своето здравје, нему му беше најважно да пренесува во живо партиски настан во Чаир, како ништо да не се случува“, соопштија од партијата.

— реклама —

ДУИ прашува зошто Меџити избегнал од вонредната прес-конференција додека жителите на Трубарево се евакуираа во доцните часови и дали има „грам одговорност за позицијата што му е доверена“.

Од партијата потсетуваат дека Меџити повеќе од две децении во Чаир, според нив, „работел исклучиво за лични интереси, без вистинска грижа за граѓаните“.

— реклама —

„Како што вчера не мрдна со прст да помогне и да покаже дека е лидер и одговорен политичар, така и изминатите две децении во Чаир бегаше од проблемите и ги тераше своите бизнис-интереси. Со луѓето се среќаваше само пред избори. Затоа Чаир денес изгледа запуштено, небезбедно и заборавено“, додаваат од ДУИ.

— реклама —

Партијата уверува дека на 19 октомври, жителите на Чаир ќе му го покажат црвениот картон на Меџити, затоа што, како што наведуваат, „време е политиката на неодговорност и себичност конечно да стане минато“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања