ДУИ му се правдале на Заев дека не знаеле кој пукал во Чаир за време на нивниот собир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-10-01-at-12.33.54

Челниците на ДУИ кои работат во Владата се оградиле од пукањето во Тетово и Желино, но и Чаир, за време на нивните партиски собирања. Премиерот Зоран Заев повика МВР да постапува и да открие кој „славеше“ со пукање во воздух сред маса од луѓе, партиски поддржувачи. „А1он“ испрати и прашања од кои бара одговор дали истрагата утврдила кој пукаше рафали во воздух, како и за кое кривично дело треба да се гони – но не добивме одговор. Оттука, не се знае ниту дали ДУИ како организатор на партискиот собир, има одговорност за случувањето. Заев повика полицијата да постапи во секој ваков случај и да ги открие сторителите, посочувајќи, дека веќе се работи на тоа.

— реклама —

„На состаноците со нив, бидејќи секојдневно работиме заедно, тие се оградуваат. Тие повикуваат МВР да си постапи по сите вакви случаи, бидејќи треба да ги одвратиме. Прво не мислам дека тоа носи добро на некој. Тоа одвраќа гласачи, поддршки, позитивен амбиент. Второ тоа е кривично дело. Тоа е нарушување на јавен ред и мир. Веројатно и злоупотреба на законот за оружје. МВР ги има веќе снимките, објавени се и истражува за точно да ги најдат сторителите. Јас апелирам до граѓани, имаат снимка од тоа, да помогнат во истрагата. Буквално анонимно, не мора да се знаат. Дел од истрагата се води не само со анализа на самата снимка и кој тоа го направил, туку треба и дополнително да се помогне за да се утврди идентитетот на група, лице и слично“, рече Заев.

Првата снимка од пукање за време на изборен собир на ДУИ се појави пред два дена. На неа се гледа како додека актуелниот пратеник Изет Меџити зборува на митингот, од страна лице крева пиштол во воздух и пука. Ова не е првпат ДУИ да слави со пукање. „А1он“ и досега има објавувано снимки каде се гледа како ДУИ прославува со пукотници од огнено оржује.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања