Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение реагира дека на Воената академија годинава не е примен ниту еден кадет Албанец, оценувајќи дека станува збор за сериозен проблем со правичната и соодветната застапеност во државните институции.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека, за првпат од основањето на Воената академија во 1995 година, меѓу примените кадети нема ниту еден Албанец. ДУИ одговорноста ја насочува кон коалицијата ВЛЕН, но и кон Владата, од која бара почитување на принципите на еднаквост и институционална застапеност.

— реклама —

Според ДУИ, ваквите случаи го нарушуваат духот на Охридскиот договор и можат да влијаат врз меѓуетничките односи и довербата меѓу политичките партнери.

— реклама —

Од партијата бараат ВЛЕН да објасни зошто не е обезбедена застапеноста што ја ветувала, нагласувајќи дека таа не треба да биде предмет на политички договори и калкулации.

— реклама —

„Застапеноста не е привилегија, туку начело. И таа не смее да биде заложник на политичките калкулации“, наведуваат од ДУИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

dui

ДУИ: Мицкоски измислува непостојни уставни одредби и закони за да го оправда исклучувањето на албанскиот јазик!

Македонија | пред 59 минути

— реклама —
media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: ВРЕДИ го потврди она што постојано го тврдиме - Законот за употреба на јазиците овозможува полагање стручни испити на албански јазик

Македонија | пред 2 дена

dui

„Од вкупно 817 доделени стипендии, само 80 се доделени на албански ученици“, вели ДУИ

Македонија | пред 4 дена

media-libraryf7th35aspu7o6GaScvu

ДУИ со одговор до ВРЕДИ: Алта банка е ваше дете, не можете да го оставите пред туѓа врата

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања