Последната одлука на министерот Стоилковиќ за отпуштање на петмина вработени албанци во Министерството за односи меѓу заедниците отвора сериозни прашања за начинот на управување со институциите и за стандардите на владеење на правото во државата, велат од ДУИ.
„Фактите укажуваат на јасни елементи на спорен процес, и во процедурна и во материјална смисла.
Според презентираните податоци:
– Дисциплинската постапка е спроведена надвор од законските рокови, што ја прави правно невалидна.
– Одлуката е донесена без доволни докази и без утврдување на индивидуална одговорност.
– Постојат сериозни индиции за накнадно конструирање на аргументи и оправдувања за веќе донесена одлука.
– Изречената мерка, престанок на работниот однос, е несразмерна во однос на наводите.
Овие се индикатори на еден опасен модел на одлучување.
Кога еден министер носи вакви одлуки:
– без почитување на законските рокови,
– без цврсти докази,
– и со сериозни последици за граѓаните,
тогаш станува збор за арбитрарност.
Фактот што се работи за петмина вработени албанци ја прави оваа состојба уште почувствителна и бара целосна транспарентност. Во министерство чија мисија се односите меѓу заедниците, секоја ваква постапка мора да биде над секое сомневање за пристрасност.
Демократската унија за интеграција бара:
– Целосно објавување на сите постапки и одлуки што довеле до овие отпуштања.
– Институционална истрага за почитувањето на законските процедури во овој случај.
– Итно преиспитување на одлуките, во согласност со законот и стандардите на јавната администрација.
Институциите не можат да функционираат врз селективни и правно неосновани одлуки. Секое отстапување од процедурите создава несигурност кај вработените и го нарушува довербата на граѓаните.
Овој случај треба да се третира како тест за сериозноста на институциите и за нивната посветеност кон принципите на еднаквост и законитост“, реагираат од ДУИ.
ДУИ повторно реагира: Отпуштањето на петмина албански вработени е арбитрарно и правно спорно
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 5 часа -
Македонија
ДУИ ја критикува одлуката на министерот Стоилковиќ за отпуштање пет вработени Албанци во Министерството за односи меѓу заедниците, оценувајќи дека има сериозни сомнежи за законитоста и управувањето. Според ДУИ, дисциплинската постапка била надвор од рокови, без доволни докази и индивидуална одговорност, со индиции за накнадно оправдување и несразмерна мерка. Бараат целосна транспарентност, институционална истрага и итно преиспитување на одлуките.
Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција