ДУИ доби пријава за кршење на здравствени протоколи. Имено фотографијата со функционерите на ДУИ, кои вчера го прославија роденденот на партискиот лидер Али Ахмети во новите простории на Министерството за политички систем, предизвика револт кај граѓаните. По ова првиот вицепремиер Артан Груби се правда дека само за кратко ги тргнале маските за да се фотографираат.
Во изјава за „360 степени“, Груби вели дека целиот вчерашен настан на вселување во новите простории на министерството што тој го предводи бил организиран согласно протоколите за заштита од ковид-19, а дека фотографијата што ја објави шефот на дипломатијата Бујар Османи е, како што вели, само момент од изненадувањето што сопартијците му го приредија на Ахмети.