Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: ВЛЕН се обедини само за заедно да се распадне, поделена e на фракции уште пред да почне да функционира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

Вчерашниот чин, каде што неколку политички субјекти се обидоа да се сокријат зад името на една партија, не е обединување, туку последен очаен крик за политички опстанок. Иронијата е целосна-ВЛЕН избра двајца кормилари да го водат истиот брод што веќе забрзано тоне, велат од ДУИ по вчерашниот Конгрес на кој ВЛЕН се трансформираше во партија на чело со Изет Меџити и Биљал Касами.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

„Ова фрагментирано раководство е директно признание дека во тој политички состав владее целосна недоверба и фрагментирање. Наместо визија, тие понудија пазар на ега, бидејќи никој не сакаше да му го отстапи местото на другиот, па решија да глумат партија со двајца претседатели. Вистината е јасна: ВЛЕН се обедини само за заедно да се распадне.

Поставувањето на двајца лидери е доказ дека партијата е поделена на фракции уште пред да почне да функционира. Во меѓувреме, додека лидерите самите се прогласуваат, министри и клучни функционери од нивните редови веќе го напуштија бродот, одбивајќи да бидат дел од овој неуспешен проект, наменет само за спас на неколку политички кариери“, стои во соопштението на ДУИ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања