„Претрес“ на Јани Бојаџи: Филмот за 27 април, културата заробена од партии, политиката и Алфа ТВ
VKjiy_lUNc8

ДУИ: Во комисијата за наградата „8 Септември“ само еден Албанец – си ја додели наградата самиот на себеси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
dui-

ДУИ реагира дека во комисијата за доделување на државната награда „8 Септември“, составена од 12 члена, има само еден Албанец – Хамид Бакија – кој, наместо да предложи албански спортист, одлучил наградата да си ја додели на самиот себеси. Партијата вели дека станува збор за „невиден скандал“ и „флагрантен судир на интереси“ кој ја понижува правичноста на највисокото спортско признание во државата.

— реклама —

„Денеска сакаме да ја алармираме јавноста за еден невиден скандал кој го загрозува не само интегритетот на државните награди ‘8 Септември’, туку и духот на граѓанска еднаквост гарантиран со Охридскиот договор.

— реклама —

Денеска, во Кристалната сала на Парламентот, Комисијата за доделување на државната награда ‘8 Септември’ ќе ги додели највисоките признанија за животно дело и за достигнувања во областа на спортот. Ова е највисоката државна награда во спортот, големо признание што треба да претставува правичност, меритократија и почит за сите наши спортисти.

— реклама —

Но, што гледаме денес?

Комисијата, формирана со потпис на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е составена од 11 Македонци и само 1 Албанец.

И, за иронија на судбината, единствениот Албанец Хамид Бакија наместо да предложи еден албански спортист, решил наградата да си ја додели самиот на себеси.

Ова не е само судир на интереси, ова е срам и чиста неправда! Апсурдна и навредлива ситуација за албанските спортисти кои со децении придонесуваат со труд и успеси во спортот на Северна Македонија, но остануваат исклучени од државно признание и почит.

Ова не е изолиран случај. Минатата година имавме идентичен пример кога брат на еден градоначалник од ВМРО, како член на комисија, сам на себе си додели награда. И тогаш сè помина во тишина. Дали повторно ќе молчиме?

Ова прашање веднаш ќе биде адресирано пред Државната комисија за спречување на корупцијата, бидејќи претставува флагрантен судир на интереси и отворена дискриминација.

Нашата порака е јасна:

Спортот треба да обединува, а не да дели.

Спортот треба да гради мостови, а не етнички бариери.

Охридскиот договор и принципот на еднаквост не се празни букви на хартија, туку темели врз кои мора да функционира секоја државна институција.

ДУИ останува решителна да ја брани еднаквоста, правдата и достоинството на секој граѓанин, во секоја институција и во секоја област на животот, вклучително и спортот. Ова не е само апел ова е повик за правда и еднаквост!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 седмици

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 седмици

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања