Партијата на Али Ахмети смета дека усвојувањето на Уредбата од страна на Владата со која се официјализира употребата на албанскиот јазик во полициските униформи е од големо значење.
„Сметаме дека со оваа одлука со која се овозможува полициските униформи да се и на албански јазик, е исполнета уште една обврска која произлегува од Охридскиот рамковен договор и која е во согласност со Законот за употреба на албанскиот јазик донесен од страна на Собранието на Република Северна Македонија. Оваа владина уредба е уште еден чекор кон исполнување на законската обврска, но и за зголемување на довербата меѓу полицијата и граѓаните, бидејќи оваа доверба ќе има уште поголемо влијание врз лојалноста на граѓаните и општествена кохезија и создавање и изградба на демократските институции во државата. Констатираме дека е успешно завршена уште една задача согласно Уставот и Законот, што е одраз на принципиелното спроведување на начелата на еднаквост како гаранција за напредокот на нашата земја за еднакво општество чија цел е интеграцијата на земјата во големото европско семејство“, се вели во соопштението на ДУИ.