„Дуќанот се издава без кирија“ ова е испечатено на бел лист и залепено на дуќан во ГТЦ, а на него покрај телефонскиот број, е запишано и дека е голем 35 метри квадратни. Сопственикот на напишаниот број објаснува дека бизнисот на последниот кираџија пропаднал, па сега му било единствено важно некој да го одржува и да ги плаќа сметките кон ГТЦ, објави skopskoeho.mk.
И не е само овој дуќан, во ГТЦ и на улица Македонија има залепено слични листови за издавање и за продавање на дуќаните. Дел од економските аналитичари предвидуваа дека ноември ќе биде меѓу најтешките месеци за преживување заради економските последици од ковид 19.