Боки 13 денеска во Кривичниот суд рече дека дел од информациите кои ги имало во неговиот телефон, ги нема во дискот што го добил од МВР. Адвокатот Сашко Дуковски рече дека поединци се плашат од пораките кои ги имал Боки 13 во неговиот телефон.
„Доколку се докажат нашите тврдења, некој дебело ќе одговара од таму. Судот тука воопшто можеби не е виновен затоа што судот изиграва еден вид трансмисија и тоа е обезбедено од страна на МВР. Но, внимавајте, цел фолдер, се работи за илјадници, некаде околу 200.000 пораки на „Whatsapp“. Тие се избришани од хард дискот. Ги нема. Каде се тие?“, вели Дуковски.