Апликацијата за следење на резултатите од изборите е беспрекорна, проблемот се јави затоа што страната беше хакирана, велат од компјутерската фирма „Дуна“ откако од вчера од 21 часот сајтот на Државната изборна комисија не функционира, објави СДК.МК.
„Ние успешно ја завршивме работата, но страницата на Државната изборна комисија, беше цел на хакерски напад преку т.н. софтверски тероризам со сили од повеќе странски држави. Доколку не постоеше оваа апликација, тогаш резултатите ќе се броеја рачно“, вели Александар Пајковски од „Дуна“.