Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Дуњак: Недозволиво е во случај како „Империја“ каде што се Камчев, Мијалков, Панделевски, по четири години да немаме обвинение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dunjak

Целиот случај со Орце Камчев е обвиткан со многу нејаснотии. Ако може да се направи некаква паралела и со случајот со Мијалков може да видиме дека сите крупни работи се случуваат за викенд или за празници, но за разлика од претходниот пат кога се покрена цела лавина од шпекулации, па дури и од релевантни луѓе од институциите, сега тоа го нема, изјави новинарката Гордана Дуњак во гостувањето на Утрински брифинг на Слободна ТВ.

— реклама —

Според неа ова донекаде е добро, а донекаде е лошо. Добро е зошто минатиот пат имавме таква една конфузија од најразлични изјави, па дури и неточни факти, префрлање на одговорност и непрецизности кои потоа доведоа до дополнителни анализи, па да се фаќа за збор Рускоска, што сакала да каже, па како и одговорил Спасовски… Сега тоа го нема. Но ако во претходниот случај со Мијалков, АНБ беше обвинета дека нема информации и дека е тоа е недозволиво, сега практично одлуката на Обвинителството и судот се темели на службена белешка на АНБ, која што не ја видовме до сега. Шпекулациите се дека наводно има сознанија за бегство и средби со странски разузнавачи. Други детали нема, обвинителката што го води случајот со „Плацевите на Водно“ и „Империја“, вчера молкум помина покрај новинарите, но гледам и дека постои воздржаност и во тонот на соопштението на Обвинителството изјави за Утрински брифинг, новинарката Гордана Дувњак.

-Да не заборавиме дека во 2016 година тој беше прогласен од „Форбс“ за најбогат Македонец, со 22,8 милиони евра проценето богатство. Но и за Камчев и за сите други се мора да биде на ниво на сомнежи, а работата треба да ја заврши Овинителството и судовите. Според мене е недозволиво да се отвори еден таков голем случај како „Империја“ каде што се споменуваа имињата на Камчев, Мијалков, Панделевски, а по четири години да немаме обвинение, вели Дувњак.

— реклама —

Целиот разговор со новинарката на „Фокус“ Гордана Дувњак погледенте го во видеото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања