Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Дупката во ПИОМ е 40%, власта ги загрозува пензиите на стотици илјади граѓани“, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarydjjavd1e12iafw87Fnf

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека актуелната власт повторно го продлабочува дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), со што, според него, се загрозува стабилноста на пензискиот систем.

Филипче посочи дека за време на владите предводени од СДСМ дефицитот во ПИОМ бил значително намален, но откако на власт дошла сегашната Влада, повторно почнал да расте.

— реклама —

„Кога владата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во 2017 година го затекна фондот со дефицит од 50 проценти, тој дефицит постепено се намалуваше со цел да биде сѐ постабилен и да може редовно да исплаќа пензии. Дефицитот од 50 проценти се намали на 30 проценти со еден стабилен систем. Откако дојде оваа власт во 2024 година, дупката повторно се зголемува и сега надминува 40 проценти“, изјави Филипче.

— реклама —

Според него, актуелната состојба значи дека недостигаат речиси половина од средствата потребни за исплата на пензиите.

„Тоа значи дека 40 проценти од парите недостигаат и се надоместуваат од централниот буџет за да можат актуелните пензионери да ги добиваат своите пензии“, рече Филипче.

— реклама —

Тој оцени дека наместо стабилизирање на пензискиот систем, Владата создава дополнителна несигурност кај сегашните и идните пензионери.

— реклама —

„Луѓето се исплашени дали воопшто ќе ги добијат тие пари назад и што точно се крие зад изјавата на премиерот. Тоа е уште еден многу тежок удар врз граѓаните“, истакна лидерот на СДСМ.

Филипче порача дека пензионерите заслужуваат сигурност и достоинствен живот, додавајќи дека државата мора да обезбеди стабилен и одржлив пензиски систем, без да ги доведува во прашање стекнатите права и заштедите на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 2 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 2 дена

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања