Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Дураку поднесе оставка и му порача на Заев: Моето раководење ќе остави позитивен белег за животната средина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Sadula_Duraki_Minister

Денеска, министерот Садула Дураку поднесе оставка на функцијата министер за животна средина и просторно планирање од причина што е предложен за министер на новотo Министерство за  политички систем и односи меѓу заедниците.

Во оставката упатенa до премиерот Заев, Дураку вели:

— реклама —

„Ви благодарам Вам и на сите членови на Владата како и на претставниците во Собранието за искажаната доверба и за доделената чест да допринесам во подобрување на состојбата во животната средина во Република Северна Македонија.

— реклама —

Морам да истакнам дека изминатиот период додека ја извршував функцијата се соочивме со најголемите предизвици за зачувување и унапредување на животната средина. Според сегашната состојба некои од тие предизвици успешно ги надминавме. Јас и мојот тим во изминатиот период макотрпно работевме и го

— реклама —

вложивме целото наше знаење и способност во решавање на проблемите, но некои проблеми бараат долгорочен и системски пристап.

Не би сакал да звучам нескромно, но многу мали и големи проекти спроведени од страна на Министерството, во време на моето раководење со истото, ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина. Сепак морам да нагласам дека за жал во некои области од животната средина се уште сме немоќни да направиме подобрување или одржување.

Министерството располага со стручен кадар кој несебично ќе се вложи и ќе му помогне на новиот тим да креира и да ги спроведува политиките во животната средина и просторното планирање.

И за крај да истакнам дека ќе ми биде чест и задоволство да бидам дел од новиот тим, каде што несебично ќе можам да допринесам за успешно чекорење на нашата држава кон Европските интеграции“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања