Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Дури 20 милиони евра се инвестирани во водоводна и канализациона мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Tribina3-Lokalen-ekonomski-razvoj7

Над 120 милиони евра за проекти на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, а општините каде власт е СДС немаат ниту отчет. Стратешки важни проекти за единиците на локална самоуправа, каде власт е ВМРО-ДПМНЕ се одвиваат секојдневно. Нови булевари, улици, клучки, натпатници, се дел од проектите на кои отпаѓаат најмногу средства, дури 36 милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Дури 20 милиони евра се инвестирани во водоводна и канализациона мрежа.

— реклама —

Се градат градинки, се реконструираат училишта и се вложува во нивно опремување.

Силно се поддржува спортот, културата и ранливите категории на граѓани.

— реклама —

Со ВМРО-ДПМНЕ никој не е заборавен.

— реклама —

За разлика од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, тие од СДС немаат направено ниту еден отчет.

Жално за општините каде е власт СДС, што нивните градоначалниците немаат ниту еден проект, па не можат да направат ниту отчет.

— реклама —

Во СДС владее паника зошто народот ја гледа разликата за само една година.

Промените се случуваат и тие ја носат иднината. Промените на локално ниво веќе донесоа резултати, потребни се и промени на централната власт, за Македонија да тргне напред, да се развива и јакне“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања