Дурловски: После бројни напади, решив да го објавам денешниот кој ќе го пријавам и во полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
durlovski-vo-sobranie111-162122

Кандидатот за пратеник од изборната единица 5 од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, на социјалните мрежи објави дека бил цел на напади во изминатиот период, кои решил да ги пријави и во МВР. Тој го прашува и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дали неговите советници секогаш имааат насилни методи за заплашување на противкандидатите.

— реклама —

„После бројни напади во изминатиот период за кои не сум проговорил, одлучив јавно да објавам за денешниот кој беше сериозна и директна закана за мојата безбедност и личен интегритет. Инцидентот е пријавен во полициска станица по што очекувам да биде покренета соодветна постапка. Сакам јавно да го прашам г-динот Заев, дали му е навика во вакви насилни методи на заканување да ги злоупотребува неговите советници за заплашување на опозиционите кандидати во изборниот процес? Или можеби овие негови советници, кои земаат државна плата од владата, му се целосно вон контрола? Наскоро ќе ги информирам и претставниците на меѓународната заедница. Нападите ги гледам како обид за заплашување кон мене и атак против слободата на мојот избор да го бранам „македонското“ во сопствената татковина“, пишува Дурловски.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3461127157239170&set=a.604604659558115&type=3&theater

— реклама —

Одговорност побара и неговиот лидер, Христијан Мицкоски.

„Сакам да им порачам на сите што мислат дека вака ќе тераат, и на носителката на ИЕ 5, чиј политички противник е Дурловски, која веќе 20 години е во политика, а најмногу на нивните шефови Зоран и Вице Заеви - Македонија ќе ве победи. Дурловски неправедно обвинет издржа прогон, а сите ние не само што ќе ве издржиме сите Вас, туку заедно со народот силно ќе ве победиме“, напиша Мицковски на ФБ.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања