Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ДВ: Наместо прием на пациенти во актуелните приватни болници, пациентите ќе се праќаат во старата „Систина“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Од идејата, приватните болници да помогнат во лекувањето на заболените од ковид-19 преку преземање на пациенти во постојните простории, веројатно ќе нема ништо, односно ќе има алтернативно решение. Сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“ попладнево беа на средба со министерот за здравство Венко Филипче, и оттаму излегоа со став дека се подготвени да помогнат, но немаат место за прием на нови пациенти. Алтернативното решение најверојатно ќе биде дополнително оспособување на стариот објект на „Систина- Мала Богородица“, каде веќе постојат одредени услови, објави dw.com. 

Според информации на ДВ, наместо прием на пациенти во нивните актуелни болници, сопствениците ќе треба да се договорат, во стариот објект на Систина, да обезбедат 100 кревети и персонал кој ќе ги опслужува пациентите, а со објектот ќе менаџира државата. Останува до недела да се договорат уште многу детали меѓу кои е и прашањето: кој и како ќе плати за целата операција?

— реклама —

Од почетокот на пандемијата, приватните клиники се вклучени во борбата против заразата, но со цени кои се повисоки и во однос на ПЦР тестовите, лабораториските анализи и болничкото лекување. Како што пишуваа медиумите во изминатиот период, во одделни болници цената на дневниот престој во приватните болници надминува 500 евра. Ако се има предвид дека лекување трае во просек по десетина дена, крајната сума којашто треба да ја платат пациентите би можела да се движи и по неколку илјади евра.

— реклама —

Текстот во целост на: dw.com. 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања